Шпанија „зрела“ за медал, Чешка немоќна во Виена (ВИДЕО)

фото: Stanko Gruden / kolektiffimages

„Фуријата“ ја продолжува победничката серија, го забележа и четвртиот триумф по ред на шампионатот и се чекор поблиску до полуфиналните борби.

Денеска официјално започна главната фаза на Европското првенство, на првиот дуел од групата 1 во Виена шпанската репрезентација ја оправда фаворитската улога славејќи против Чешка со резултат 31:25.

Црвената „фурија“ ја продолжува победничката серија од прелиминарната фаза, го забележа и четвртиот триумф по ред на шампионатот и се чекор поблиску до полуфиналните борби.

Екс членот на Вардар, Алекс Душебаев заедно со Анхел Перез Фернандез со по пет голови беа најефикасни во шпанската репрезентација.

На спротивната страна осум погодоци беа дело на Ондреј Здрахала, а два помалку запиша Станислав Кашпарек.

Во истата група 1 во првото коло од 18.15 часот Хрватска игра против домаќинот Австрија, а од 20.30 часот ќе се сретнат Германија и Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот