Шпанија воведува контрола на копнените граници, прва жртва од коронавирусот во Португалија

Фото: МИА

Шпанија воведува контроли на копнените граници во обид да го забави ширењето на новиот коронавирус, изјави денеска министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.

Тој рече дека властите само ќе дозволат влез на шпански државјани, на работници, дипломатите.

– Одлуката за воведување гранични контроли, што треба да стапи на сила од денеска на полноќ, беше донесена во координација со партнерите на Европската унија, рече Гранде-Марласка во телевизиското обраќање.

Португалскиот министер за внатрешни работи Едуардо Кабри изјави денеска дека целиот железнички и воздушен патнички сообраќај со соседна Шпанија ќе биде стопиран од 23.00 часот по полноќ до 15 април, како резултат на епидемијата. Постигнат е договор меѓу двете страни.

Португалската министерка за здравство Марта Темиду изјави дека 80-годишен маж починал денеска од коронавирусот, што е прва смрт во земјата од почетокот на епидемијата. Португалија досега потврди 331 случаи на заразени од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот