Шпанија во финалето и нов спектакл: Ѓоковиќ-Надал

twitter/ATP Tour

Репрезентацијата на Шпанија поведе со 2:0 против домаќинот Австралија и дуелот во парови претставува формалност.

Во финалето на првото издание на АТП купот ќе играат селекциите на Србија и Шпанија, откако „фуријата“ поведе со 2:0 против домаќинот Австралија.

Во првиот дуел, Роберто Баутиста Агут релативно лесно во два сета со 6:1,6:4 го совлада Ник Кирјос.

Во вториот дуел, Рафаел Надал со пресврт дојде до победата над младиот Алекс де Минор. Првиот сет му припадна на Де Минор со 4:6, а во вториот сет се водеше израмнета борба се до 13. гем кога Надал го прави првиот брејк на дуелот и веднаш потоа со сигурен сервис донесе израмнување во сетови (7:5).

Младиот Де Минор не успеа да се опоправи од шокот со загубата на вториот сет и му дозволи на првиот светски рекет два брејка во одлучувачкиот сет за водство од 4:0 по што до крајот Надал рутински стигна до победата (6:1).

Во финалето Шпанија ја очекува пресметка со Србија која ретходно во првото полуфинале ја совлада Русија со 3:0, а навивачите ќе можат да уживаат бидејќи еден против друг ќе играат најдобрите двајца тенисери, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот