Шпанија: Светот треба да го слуша гласот на Кина

Претседателот на Кина, Си Џипинг/ Фото EPA-EFE/SERGEI BOBYLEV/

Светот треба да го слуша гласот на Кина за да се најде излез од војната во Украина, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, пред неговата државна посета на Пекинг следната недела.

„Кина е глобален актер, па очигледно мораме да го слушаме нејзиниот глас за да видиме дали можеме да ставиме крај на оваа војна и дека Украина може да го врати својот територијален интегритет“, рече Санчез по состанокот на Европскиот совет.

Санчез треба да го посети Пекинг на 31 март за да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Инаку САД се против предлогот на Кина за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина затоа што со тоа ќе се цементира позицијата на воените придобивки на Русија, соопштија од Белата куќа.Но сепак САД се надеваат на конструктивна улога на Кина во помошта да се заврши војната во Украина.

Повикот за прекин на огнот е дел од мировниот предлог на Џинпин.

САД се против кинескиот мировен план за Украина: „Со тоа би ги признале придобивките на Русија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот