Шпанија со кампања ќе се обиде да привлече странски туристи

Плажа во Шпанија / Фото EPA-EFE/Elvira Urquijo A.

В понеделник, границите повторно ќе бидат отворени за патниците од земјите на Европската унија, без обврска за самоизолација кога ќе влезат во Шпанија.

За да  привлече странски туристи исплашени од коронавирусот, шпанската Влада  почна меѓународна кампања за да порача дека е безбедна земја и најави програма од 4,2 милијарди евра за помош на своите туристички компании.

Кампањата „Spain for sure” официјално ја отвори шпанскиот крал и кралица во Музејот дел Прадо во Мадрид, само три дена пред Владата да ги отвори своите граници за странските туристи.

Со оваа кампања, Владата сака да им испрати порака на патниците кои се подготвуваат за годишни одмори дека Шпанија е безбедна здравствена дестинација.

Лани повеќе од 80 милиони туристи ја посетија Шпанија, што беше рекордна година, но сега нејзините плажи се празни, хотелите допрва ги отвораат своите врати, а околу еден милион туристички работници неизвесно чекаат да се вратат на работа.

За да се спречи ширењето на инфекцијата, Владата забрани туристички патувања на 14 март и затворени граници, освен за итни случаи и прекугранични работници.

В понеделник, границите повторно ќе бидат отворени за патниците од земјите на Европската унија, без обврска за самоизолација кога ќе влезат во Шпанија.

Иако на 1 јули го најави отворањето на границите, Владата одлучи да ги отвори една недела порано за да ги намали штетите за економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот