Шпанија пропушти можност за формирање влада, втората шанса во вторник

Фото: МИА

Привремениот шпански премиер Педро Санчез Санчез денеска освои 166 гласови, а за потребното мнозинство му требаа 176.

Привремениот шпански премиер Педро Санчез денеска ја пропушти едната од двете шанси да добие согласност од шпанскиот Парламент за формирање левичарска коалициска влада.

Санчез ќе има втора можност во вторник да добие поддршка за формирање влада на неговите социјалисти и левичарската партија „Обединети можеме”, прва коалициска влада во Шпанија по смртта на диктаторот генерал Франциско Франко во 1975 година.

Како што се очекуваше, Санчез денеска освои 166 гласови, а за потребното мнозинство му требаа 176.

Санчез доби поддршка од неговите 120 пратеници на Шпанската социјалистичка работничка партија и 35 пратеници од левичарската партија, како и неколку од помали левичарски и регионални партии.

Пратениците од трите најголеми десничарски партии и другите помали партии обезбедија 165 гласови против, додека 18 пратеници беа воздржани, а еден не гласаше.

Санчез ја предводи техничката влада помалку од една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот