Шпанија прогласи вонредна состојба, воведен полициски час

Владата на Шпанија денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро.

Со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, донесе одлука за воведување втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината.

Првата траеше од март до јуни, а втората може да трае до април 2021 година.

Минатата недела Шпанија стана првата земја во Европа и шеста во светот што регистрираше еден милион случаи на инфекција со Ковид-19. 

Извор:МИА

Прочитајте и...  Гази Баба има најмногу активни случаи на ковид-19 во Скопје, следат Аеродром, Кисела Вода и Карпош

Поврзани вести

Правеле хрватски пасоши за криминалци од Србија и Црна Гора, уапсени 11 лица

И.И.

Високиот претставник за БиХ: „Време е Дејтонскиот договор да се замени со нов устав.“

Слободен печат

Гази Баба има најмногу активни случаи на ковид-19 во Скопје, следат Аеродром, Кисела Вода и Карпош

Слободен печат

ООН: Израелските санкции ја доведоа Палестина на работ на сиромаштвото, штетата е проценета на 17 милијарди долари

Илинка Иљоска

„Осерваторио“: Заради македонското прашање, Бугарија се наоѓа изолирана на европско ниво

Слободен печат

Канада нарача најмногу вакцини по глава на жители во споредба со било која друга земја

Слободен печат

Остави Коментар