Шпанија од 22. јуни ги отвора границите со Португалија и Шпанија

epa08465221 Local riot police on guard as Nissan workers protest in Barcelona, Spain, 04 June 2020, against the closure of Nissan's plants. Some 3,000 direct workers and 20,000 indirect workers are affected by the shutting down of the three plants of Nissan in Barcelona. EPA-EFE/Quique Garcia

По укинувањето на вонредната состојба, ограничувањата за Франција и Португалија ќе бидат укинати и мобилноста ќе продолжи со тие толку важни држави, рече министерката Марото.

Шпанија своите копнени граници со Франција и Португалија повторно ќе ги отвори на 22 јуни, три месеци откако ги затвори во борба против пандемијата од коронавирус, објави денеска министерката за туризам Марија Рејес Марото.

„Во случајот со Франција и Португалија потврдувам дека се укинуваат ограничувањата за движење на копно на 22 јуни“, рече пред новинарите и додаде: „Начелно, карантините ќе бидат укинати“.

„Тоа ќе ни овозможи да вратиме голем број туристи, француски и португалски“, нагласи Рејес Марото.

14-дневниот карантин за патници од странство е воведен од 15. мај до 1. јули

Вонредната состојба ќе биде укината на 21. јули откако парламентот вчера го одобри последното продолжување.

По укинувањето на вонредната состојба, ограничувањата за Франција и Португалија ќе бидат укинати и мобилноста ќе продолжи со тие толку важни држави, рече министерката.

Карантинот ќе остане на сила до 1. јули за доаѓањето со авиони, но министерката рече дека е можно и порано укинување зошто се стекнати епидемиолошките услови за тоа.

Најави и дека 6.000 германски туристи ќе допатуваат на Балерските орстрови од втората половина на јуни во рамки на пилот протекто меѓу регионалната влада и германскиот тур оператор ТУИ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот