Шпанија од 15 мај воведува карантин за сите што доаѓаат од странство

Шпанија ќе бара од сите кои по 15 мај доаѓаат од странство да бидат ставени во карантин 14 дена.

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека мерката, објавена денеска во службен весник на Шпанија, има за цел „да ги ограничи ризиците кои произлегуваат од меѓународниот промет на луѓе” за време на пандемијата.

Туристичките агенции и транспортните компании мора да ги известат своите клиенти за новите регулативи пред да им ги продадат билетите за Шпанија, а авиокомпаниите мора да се погрижат патниците да имаат „картичка за локација” во случај да треба да бидат контактирани по патувањето.

Шпанија почнува да ги олеснува мерките по седум недели строги ограничувања на движењето.
Во таа земја, повеќе од 26.700 луѓе починаа како последица на Ковид-19, а над 268.000 луѓе се заразиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот