Шпанија ќе воведе тридневно боледување за жените со болна менструација

Илустрација: менструални болки / Фото: Pexels

Шпанија најверојатно ќе стане првата западна земја што ќе нуди слободни денови за жените кои имаат болен менструален циклус.  Имено, жените кои се во работен однос ќе може да земат најмногу три слободни дена месечно доколку имаат болки, пишува „Euronews“, повикувајќи се на шпанскиот весник „Еl Pais“.

Се очекува шпанската Влада да ја одобри новата мерка следната недела. Ваква мерка веќе постои и во други земји ширум светот, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја, Индонезија и Замбија.

Во рамките на реформите најавени во Шпанија, училиштата ќе мора да обезбедат влошки за ученичките. Исто така, ќе биде отстранет и данокот на влошките и тампоните, кои ќе им се делат бесплатно на жени од маргинализирани групи.

Околу третина од жените кои менструираат, патат од силни болки, односно дисменореа, покажуваат гинеколошките податоците преземени од шпанското здравство. Симптомите вклучуваат болка, дијареја, главоболки и промени на телесната температура.

 

Државната секретарка за еднаквост и против родово насилство, Анџела Родригез откри дека новите мерки имаат цел да го подобрат менструалното и репродуктивно здравје на жените во земјата.

„Тука не станува збор за мали непријатности, туку сериозни симптоми

Правата поврзани со менструалното здравје никогаш не биле дискутирани, а податоците се застрашувачки. Секоја четврта жена не може да ги купи хигиенските производи поради финансиски причини. Затоа предлагаме тие да се делат бесплатно во едукативните и социјални центри“, изјавила Родригез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот