Шпанија ќе испрати „Леопард“ тенкови во Украина

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес потврди дека Шпанија до пролет ќе испрати „Леопард“ тенкови во Украина, но не посочи точна бројка.

Според Роблес, тенковите што Шпанија ќе ги испрати во Украина се дел од донесената одлука на западние сојузници, а ќе пристигнат штом ќе завршат сите процедури.

Тенковите што ќе бидат испратени се Леопард 2 А4, кои во моментов не се користат и се стационирани во базата во Сарагоса.

Ќе ги видиме кои се потребните поправки што треба да се направат. Пристапот на сојузниците е дека тоа ќе биде на пролет, изјави министерката.

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека Германија ќе ја зголеми воената поддршка за Украина. Како прв чекор, Германија ќе испрати 14 тенкови Леопард 2 А6 во Украина од залихите на Бундесверот.

И Канада не останува покусо – ќе испрати четири тенкови „Леопард“ во Украина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот