Шпанија ќе ги качува платите во администрацијата ѝ ќе ја скратува работната недела на 35 часа

Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми.

Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот „24 часа” не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа ставот на неговиот синдикат дека очекува договор за зголемување на платите.

Според весникот „Ел Паис”, заедно со зголемувањето на платите, Министерството предводено од Марија Хесус Монтеро има намера да понуди можност за намалување на работната недела на јавните службеници на 35 часа.

Од Министерството за финансии не сакаа да ги потврдат бројките што ќе ги понудат бидејќи преговорите се отворени.

Илјадници вработени во јавната администрација излегоа на улиците во Мадрид на 24 септември, барајќи од шпанската Влада „фер” зголемување на платите и „ефективни” економски мерки за да се помогне во борбата против растечките цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот