Шпанија ќе затвора плажи за да го спречи ширењето на коронавирусот

Luis Tejido / EPA

Властите во Шпанија за да го спречат ширењето на новиот коронавирус наредија затворање на десетици плажи поради големиот број посетители за време на викендот.

Речиси 30 плажи во Коста дел Сол беа затвроени во неделата, а плажите во Малага беа принудени да го редуцираат бројот на посетители, за да се одржи социјалната дистанца.

Околу 55 плажи во Андалузија се затворени, додека во Кадиз е затворена една плажа поради големиот број на посетители.

Поради пораст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 повторно е воведен карантин за време на викендот во Галиција и Каталонија.

Се очекува влошување на ситуацијата со епидемијата поради пораст на бројот на странски туристи. Шпанија, која ја посетуваат околу 80 милиони туристи годишно е втора земја по посетеност, зад Франција.

Во Шпанија 299.210 лица се инфицирале со Ковид-19, од кои 28.392 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот