Шпанија ќе присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан, но не го менува ставот за Косово

Фото: МИА

Од постојаното претставништво на Шпанија во ЕУ додаваат дека присуството на Мадрид во Загреб не ја менува „стабилната позиција“ на Шпанија за непризнавање на Косово како држава.

Постојаното претставништво на Шпанија во ЕУ потврди за „Танјуг“ дека официјален Мадрид нема да го бојкотира самитот на ЕУ и Западен Балкан во Загреб.

– Делегацијата на Шпанија присуствува, како земја членка на ЕУ, на самитот во Загреб – стои во соопштението на постојаното претставништво на Шпанија во Брисел.

Во соопштението се додава дека во зависност од конфигурацијата на самитот и Шпанија ќе го одреди „нивото“ на своето претставување.

Поради шпекулациите во медиумите дека Мадрид ќе го бојкотира претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб поради присуството на Приштина, од постојаното претставништво на Шпанија во ЕУ додаваат дека присуството на Мадрид во Загреб не ја менува „стабилната позиција“ на Шпанија за непризнавање на Косово како држава.

– Оваа позиција ја делиме со уште четири држави членки на ЕУ и со 80 други земји во различни региони на светот, во склад со меѓународните закони и системот на ОН – се заклучува во соопштението.

Поранешниот премиер на Шпанија, Маријано Рахој на претходниот самит на ЕУ и Западен Балкан, одржан во 2018 година во Софија, одби да седи на иста маса со претставниците на Приштина.

– Официјален Мадрид не ја признава независноста, а со самото тоа и можноста за напредување кон членство во ЕУ – гласеше тогаш официјалната позиција на Шпанија.

Самитот во Загреб ќе биде одржан меѓу 6 и 7 мај оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот