Шпанија ќе ја подели вакцинацијата на 18 групи на луѓе: Прво ќе ја добијат најстарите, а еве кога останатите

Медицинско лице со Шпанија/ Фото: EPA-EFE/Fernando Villar

Постарите граѓани и здравствените работници во старечките домови ќе бидат првите кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот, рече денеска шпанскиот министер за здравство, Салвадор Илја, додавајќи дека ќе има 18 групи на луѓе кои по ред ќе ја добијат вакцината.

Планот на шпанската влада е да почне со вакцинацијата во јануари 2021 година, вели министерот.

– После работниците во старечките домови, следните кои ќе бидат вакцинирани се вработените во здравствените институции, а имаме 18 групи на жители кои ќе бидат вакцинирани по одреден редослед, на 13.000 места на кои ќе биде можна вакцинација, рече Илја, а пренесе Ројтерс.

Тој очекува дека ќе се вакцинира поголем дел од популацијата во првите шест месеци во 2021 година, но вакцинацијата нема да биде задолжителна со закон.

– Целта е државата да биде подготвена да започне со вакцинација кога ќе пристигнат првите дози, додаде Илја.

Министерот за здравство изјави дека Шпанија нарачала 140 милиони дози од вакцината.

– Тој број е доволен да се вакцинираат 80 милиони луѓе, а не треба да се заборави дека имаме 47 милиони жители. Така што, некои вакцини ќе бидат дадени на посиромашните држави, нагласи Илја.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот