Шпанија ја помина Италија по бројот на заболени: Во еден ден починаа 932 луѓе

Во последните 24 часа во Шпанија починале 932 луѓе од коронавирусот според најновите објавени податоци за заболени и починати во државата.

Шпанија моментално има повеќе заразени од Италија и е прва земја во Европа по број на заразени, а втора во светот, веднаш по САД.

Во Шпанија сега вкупно заразени се 117.710 луѓе, излечени се повеќе од 30.000 луѓе, а 6.416 луѓе се на интензивна нега.

Шпанското министерство за здравство објави и податоци по региони, а на нив се гледа дека најмногу заразени има во регионот кај Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот