Шпанија и Русија без мака до триумф, домаќинот киксна против Полска

Фаворитите за висок пласман на Мундобаскетот, Шпанија и Русија без многу мака дојдоа до вторите триумфи. Шпанија го совлада Порторико додека Русија беше поуспешна од Јужна Кореја.

„Црвената фурија“ релативно лесно со 73:63 ги совлада Порториканците и тоа благодарение на одличната игра во третата четвртина која ја решија во своја корист со 21:10.
Први имиња во победата на Шпанија беа Марк Гасол со 19, додека Рики Рубио уфрли 17 поени.

Селекцијата на Русија уште од првата минута ја имаше контролата над резултатот против Јужна Кореја. Првата четвртина решија во своја корист со 27:18 и до крајот на средбата рутински ја одржуваа предноста за конечни 87:73. Сергеј Воронцевич и Виталиј Фридзон со по 13 поени без најпрецизни во победничкиот тим, доека кај Јужна Кореја, Гуна Ра даде 19 поени.

Најголема неизвесност имаше не дуелот помеѓу домаќинот Кина и Полска кој на големо разочарување на домашните навивачи, триумфот им припадна на Полјаците со 79:76 по продолжението од пет минути.

Кинезите сами си се виновни за поразот, бидејќи ја имаа победата во рака, бидејќи на нецели десет секунди имаа предност од еден поен (72:71) и напад. Но, лесно ја продадоа топката, по што Матеуш Понитка на четири секунди до крајот постигна едно од двете слободни фрлања и го однесе натпреварот во продолжението каде полските кошаркари беа поснаодливи и на крајот дојдоа до втората победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот