Шпанија и Хрватска сигурни, во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за првото место

Фаворитите за титулата го задржаа максималниот ефект на Европското првенство.

Актуелниот европски шампион, Шпанија, со убедливи 37:28 ја совлада Белорусија со втората фаза од ЕП, додека Хрватска со минимални 22:21 беше поуспешна од Чешка.

Селекцијата на Белорусија беше рамноправен противник на „фуријата“ само во првото полувреме (17:18), за во вториот дел Шпанија да покаже зашто е европски шампион.

Фернандез и Соле беа најпрецизни кај Шпанија со по седум гола, додека кај Белорусија, осум гола постигна Ваилупау.

Хрватска оствари минимална победа над Чешка од 22:21. Селекторот Лино Червар свесен дека последниот натпревар од втората фаза ќе биде одлучувачки за првото место во групата, одлучи да ги одмори најдобрите ракометари како Шего, Карачиќ, Циндриќ, Хорват, Дувњак, но и без нив „коцкестите“ дојдоа до победата благодарение на голот на Лука Степанчиќ во последните секунди од средбата.

Мамиќ со пет гола беше најпрецизен кај Хрватска, додека Здрахала ја предводеше Чешка со седум постигнати голови.

Одлучувачкиот натпревар за првото место во групата, Хрватска и Шпанија ќе го играат в среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот