Шпанија ги ограничи авионските летови од Бразил и Јужна Африка

Воведени нови рестрикции на движење во Мадрид/ Фото: EPA-EFE/David Fernandez

Шпанската Влада одлучи од утре па во следните две недели да ги ограничи авионските летови од Бразил и Јужноафриканската Република, земјите во кои се откриени новите, многу позаразни видови на коронавирус, јавија шпанските медиуми”.

Летовите кон Шпанија можат да ги користат само граѓаните на оваа земја и жителите што се враќаат во Шпанија, како и патниците кои одат во земји надвор од Шенген зоната,  во Шпанија можат да поминат само помалку од еден ден.

Регионот Мадрид вчера побара од владата на Шпанија да ги забрани летовите од Јужна Африка и Бразил, бидејќи новите соеви на коронавирусот што се појавија таму се многу позаразни.

Регионот на Мадрид има најмногу случаи на заразени со новата британска варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е одговорна за значајното ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот