Шпанија демантира дека била против датум за почеток на преговори со Македонија

Шпанската амбасада во Скопје ги демантира информациите дека заедно со уште шест земји-членки на Европската Унија била против одредувањето датум за отпочнување на преговори со Северна Македонија.

„Сметаме дека со соопштението на романското Претседателство на Советот на ЕУ се отфрлаат шпекулациите пласирани вчера од страна на еден опозиционен политичар од Северна Македонија според кој Шпанија наводно била против датумот за отпочнување на преговорите заедно со други шест земји членки. Шпанија ги препознава значителните заслуги на Република Северна Македонија, а особено Преспанскиот Договор кој претставува пример за регионот“, се наведува во соопштението од Амбасадата на Шпанија во Скопје.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски завчера на Твитер објави информација дека наводно седум членки биле против одредувањето датум за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија и тоа: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот