Шпанија бара од Европскиот парламент да го признае каталонскиот јазик како официјален

Шпанската влада денеска соопшти дека ќе побара од Европскиот парламент да ја дозволи употребата на каталонскиот јазик, што доколку се оствари, би бил прв ваков потег за еден регионален јазик, пренесува Ројтерс.

Мадрид ваквата идеја ќе ја претстави во Брисел со „технички и финансиски исплатлив“ предлог, а потоа ќе се обиде да собере мнозинство од членовите на парламентот, напишаа каталонската регионална и централна влада во заедничко соопштение.

Шпанија ваквото барање за употреба на каталонскиот јазик во Европскиот парламент, доколку биде прифатено, ќе ја прошири и со слично барање за останатите два најголеми регионални јазици во земјата, баскискиот и галицискиот.

За еден јазик да биде прогласен за официјален, неопходно е владата на земјата-членка – во овој случај Шпанија – да добие едногласна согласност од Советот на ЕУ, вели портпаролот на парламентот.

Каталонскиот јазик е најраспространет јазик во Каталонија, заедно со шпанскиот, а тој се зборува и во два други региони блиски до Каталонија. За време на владеењето на диктаторот Франциско Франко од 1939-1975 јазикот бил забранет.

Планот за официјализирање на каталонскиот јазик во ЕП беше објавен по разговорите на каталонските власти со шпанската левичарска влада на Педро Санчез, која засега работи на подобрување на односите со Каталонците.

Во моментов во Европскиот парламент има 24 официјални јазици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот