Шпанците тврдат дека Ѓоковиќ се подготвува за настап на УС Опен

Според шпанските медиуми, првиот тенисер на АТП ранг листата најверојатно ќе настапи на грен слем турнирот во Њујорк кој треба да започне на 31. август.

Весникот „Марка“ потсетува дека Новак Ѓоковиќ беше еден од првите тенисери кои изразија резерва кон учеството на УС Опен поради најавените рестриктивни мерки како заштита од пандемијата на коронавирусот.

Една од главните грижи на тенисерите е дека тие кои ќе учествуваат на грен слем турнирот во САД по враќањето во Европа ќе мора да поминат 14 дена во карантин и така нема да можат да играат на Мастерсите во Рим и во Мадрид кои се генерална проверка пред Ролан Гарос.

„Марка“ пишува дека доколку АТП до крајот на јули го преши овој проблем тогаш Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе учествува на УС Опен. Неговата цел е да го одигра грен слем турнирот и да триумфира како би го намалил заостатокот зад Рожер Федерер (20) и Рафаел Надал (19) во грен слем титули бидејќи српскиот тенисер моментно е на бројката од 18. трофеи од најголемите тениски турнири.

Дополнителен поттик на тврдењата на шпанскиот весник е тоа што Ѓоковиќ постојано тренира на тврда подлога, додека траеше карантинот во Европа тој тренираше во Марбеља каде има куќа со тениски терен, а сега кога е во Белград тренира на терените во Академијата Типсаревиќ кои имаат подлога идентична на таа на која се игра УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот