Шпанците невнимателно го слават крајот на карантинот, експертите предупредуваат

epa09187007 Hundreds of young people celebrate at Madrid's Puerta del Sol at the end of the alarm state, late on 08 May 2021. EPA-EFE/Luca Piergiovanni

Откако Шпанците вчера масовно го прославија крајот на шестмесечниот карантин, игнорирајќи ги препораките за носење маски или држење дистанца, водечкиот шпански епидемиолог ги предупреди своите сонародници дека пандемијата е далеку од завршена.

Претседателката на шпанското здружение за епидемиолози, Елена Ванеса Мартинез, во изјава за весникот „Ел Паис” предупреди дека сè уште има многу заразени лица кои можат да го пренесат вирусот, истакнувајќи дека повеќе контакти може да доведат до повеќе заразени.

– Во оваа ситуација загрижен сум поради за чувството на лажна безбедност создадено со објавувањето на крајот на вонредната состојба и ноќниот полициски час, рече Мартинез.

Во Шпанија вчера беа укинати повеќето ограничувања, вклучувајќи го и ноќниот полициски час на национално ниво. Забраната за движење во текот на ноќта е укината во повеќето шпански градови и региони, но во некои останува во сила.

Од вчера дозволено е и повторно патување низ Шпанија, како и семејни посети.

Властите се загрижени дека тоа може да се повтори минатата година. Владата во јуни објави „нова нормална” состојба со ублажување на многу ограничувања, но до ноември бројот на заразени значително се зголеми и мораше да воведе вонредна состојба, што е правна основа за воведување на ограничувањата.

Откако во саботата на полноќ заврши вонредната состојба, а со тоа и полицискиот час, илјадници млади луѓе излегоа на улиците во градовите како Мадрид, Барселона и Билбао и се забавуваа со алкохол цела ноќ. Градската полиција во Мадрид мораше да ја растера толпата од главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол. Досега беше дозволено да се биде на улица до 23 часот, најмногу шест лица заедно, во спротивно беа парично казнувани.

Од почетокот на пандемијата, во Шпанија се заразени вкупно 3,5 милиони луѓе, од кои 78 800 починале.

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот