Шпанците ја испратија Италија дома, против Србија за прво место во групата

Селекциите на Шпанија и на Србија во недела (14.30 ч.) во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе биде лидер во групата Ј. Италија пак, која на Мундобаскетот пристигна со поголеми амбиции по дуелот со Порторико ќе ги спакуваат куферите.

„Аѕурите“ одлично го започнаа натпреварот и многу брзо дојдоа до двоцифрена предност (15:5). „Црвената фурија“ успеа до крајот на првата четвртина да ја врати резултатската неизвесност и до средината на третата четвртина, и двете репрезентации постојано се менуваа во водство.

Тогаш Шпанците го засилија темпото и направија предност од осум поени 46:38, но и „аѕурите“ имаа своја мини серија со која не дозволија предвреме да биде познат победникот.

Одлучувачки момент за победата на Шпанија беше серијата од 10:0 со која дојде до недостижна предност од 62:56. најефикасен во победничката селекција беше Хуанчо Ернангомес со 16 поени, Рики Рубио уфрли 15, додека кај Италија, Данило Галинари беше најпрецизен со 15 постигнати поени.

Сигурен настап во втората фаза имаше и Аргентина која со 87:67 ја победи Венецуела и пресметката со Полска ќе го даде победникот во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот