Шпанците го открија освојувачот на „Златната топка“!

фото: antena2.com.co

Кон крајот на секоја година, „Франс Фудбал“ организира свечен настан на доделување на „Златната топка“ која важи за најпрестижната награда во светот на фудбалот, а како најголем фаворит за освојување фигурира, Виржик ван Дајк.

Дефанзивецот на Ливерпул зад себе има феноменална сезона која ја круниса со освојување на Лигата на шампионите.

Но, доколку им се верува на шпанските медиуми, поточно „Мундо Депортиво“, наградата оди на „Камп Ноу“.

Весникот кој традиционално е близок до Барселона тврди дека наградата ќе ја освои Лионел Меси, што би била негова шеста „Златна топка“ во кариерата, една повеќе од Кристијано Роналдо на вечната листа.

– Освојувачот на „Златната топка“ за 2019. на состанокот дозна дека е тој. Имаше можност и лично да ја допира „Златната топка“ која официјално ќе му биде доделена на свечената церемонија во Париз наредниот понеделник – вели изворот.

Освен Меси и Ван Дајк, во конкуренција за признанието се наоѓа и фудбалерот на Јувентус, Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот