Шпанците пред мечот во Скопје: Сите ривали се многу опасни

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Светскиот шампион, селекцијата на Шпанија ќе ни гостува утре (19.30 часот) во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје на стартот од квалификацискиот циклус за место на Светскиот Куп 2023.

Првиот противник на Македонија доаѓа со изменет состави и многу млади кошаркари. Капитенот Кино Колом непосредно пред заминувањето за Скопје, кажа дека секој противник е опасен, па затоа мора да има почит од нивна страна.

– Сите ривали се многу опасни. Треба да бидеме внимателни и да ги почитуваме сите. Ова е можност уште еднаш да им покажеме на сите дека има многу добри шпански играчи.

Дека националниот производ е квалитетен и дека тие можат многу да ѝ помогнат на репрезентацијата, повеќе отколку што се очекува од нив“ – изјави искусниот плејмејкер на „црвената фурија“, Колом.

Во нашата квалификациска група „Г“ селекциите на Грузија и Украина ќе ги одмерат силите в петок од 16.00 часот.

Крстевски: Секоја чест за Шпанија, но ние не се предаваме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот