Шпанците открија неверојатен податок, Ѓоковиќ е дури на 154 место

Неизвесно е дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по првите три месеци во 2022 година е во минус од 5,3 милиони евра.

Шпанскиот веб портал „Ел Еспањол“ пресмета колку загуби Новак Ѓоковиќ со пропуштањето на Австралија опен, Индијан Велс и Мајами. Станува збор за потенцијални 5,3 милиони евра, што е награда која би ја добил доколку славеше на секој од трите споменати турнири.

Србинот никогаш полошо не ја започнал сезоната во кариерата, бидејќи не е вакциниран против коронавирус. Прво, не му дозволија да го брани трофејот во Мелбурн, а потоа не го доби правото да настапува во САД, Индијан Велс и Мајами.

Прашање е дали Ѓоковиќ ќе победеше на споменатите турнири доколку учествуваше, но со оглед на формата во која беше и дека обожава да игра на тврда подлога, нема сомнение дека и финансиски ќе беше подобар.

До почетокот на турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ беше дури 154 тенисер во светот по заработка во 2022 година. Од турнирот во Дубаи доби само 69.265 евра, па околу него има играчи како Тимофеј Скатов, Филип Полашек или Илија Ивашка.

Ѓоковиќ ќе се врати на терените кога АТП караванот ќе се пресели во Европа, во Монте Карло, Белград, Мадрид и Рим, како најава за Ролан Гарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот