Шпанците на маки: за повеќето од нив, маслиновото масло станува луксуз

Шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас денеска изјави дека е загрижен оти маслиновото масло може да стане луксузен производ во Шпанија.

„Овие производи се важни. Но, за производ како маслиновото масло, важно е да остане достапен и за средната класа“, изјави Планас во интервју за шпанската телевизија „Онда Серо“.

Големата суша и рекордните горештини особено се одразија на годинашното производство на маслинки во Шпанија. Истовремено, повисоките цени на енергијата придонесоа за раст на производствените трошоци.

Министерот Планас рече дека Шпанија е на пат да произведе помалку од 800.000 тони маслиново масло оваа година, што е значително помалку отколку во 2021 година, кога беа произведени 1,4 милиони тони.

Министерот за земјоделство иако рече дека не предвидува недостиг на маслиново масло, ги повика шпанските компании кои го снабдуваат локалниот пазар да ги намалат цените на овој производ.

„Порастот на цените е особено под влијание на трошоците за производство, но вклучува и некои економски одлуки“, додаде Планас.

Според октомврискиот извештај за инфлацијаta, во Шпанија храната е поскапена за 15,4 отсто во однос на минатата година, што е најголем годишен скок од 1994 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот