Шпан: Не е важно кој е прв, важно е вакцината да биде ефикасна

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е скептичен во врска со вакцината против коронавирусот, која е регистрирана во Русија, и вели дека не е важно кој ќе биде прв, туку вакцината да е ефикасна.

Во изјавата за „Дојчландсфунк”, Шпан рече дека според сè што знае засега, таа вакцина не е тестирана доволно.

– Не станува збор да се биде прв, туку за ефективна, тестирана и безбедна вакцина – подвлече тој.

Тој истакна дека руските власти не биле транспарентни во однос на студиите и тестовите, како и дека не е спроведена третата фаза на тестирање на поголем број луѓе.

– Може да е и опасно ако прерано се почне со тоа – истакна Шпан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот