Шпан им вети на Германците: Вакцинираните нема да бидат затворени

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан/Фото: EPA-EFE/MIKA SCHMIDT / POOL

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан им вети на вакцинираните германски граѓани дека нема да бидат затворени доколку се носат нови мерки за заштита од вирусот, пренесува АРД.

„За вакцинираните и прележаните лица тоа со сигурност нема да биде“ одговори Шпан на прашањето за новиот можен локдаун во Германија.

Тој смета дека вакцинираните и прележаните треба да уживаат одредени предности.

Претходно потпаролот на владата Стефен Зајберт, изјави дека вакцинираните можат да сметаат на затворање само доколку се појави нов сој на коронавирусот, што значи дека вакцините нема да бидат безбедни од новата варијанта.

„На вакцинираните можам да им кажам дека, и покрај тоа што има раст на бројките, нема да има промени. Тоа важи и за излечените. Под услов од ширење на делта варијантата, вакцинираните не мораат да рачунаат на новите ограничувања“ изјави Зајберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот