Шпан: Германците засега не можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германските граѓани нема да можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат, барем не засега, рече министерот за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека излезот од пандемијата почна.

– Секој кому државата ќе му понуди вакцинација против Ковид-19, засега нема да може да избере вакцина што ќе ја прими. Таквиот избор не може да биде одобрен поради сегашниот недостиг, рече министерот за здравство Јенс Шпан на дигитална дискусија  кога тој и претседателот на институтот Роберт Кох одговараа на прашања во врска со вакцинацијата.

Претседателот на Постојаната комисија за вакцинација, Томас Мертенс, рече дека двете вакцини, Бајонтех-Фајзер и Модерна, кои во моментов се одобрени во ЕУ, се „подеднакво ефикасни и безбедни”.

– Досега над половина милион луѓе примиле вакцина против Ковид-19 во Германија, нагласи Шпан.

– Со тоа почна „излезот од пандемијата”. Секој ден ќе ги има се повеќе, а процедурите се се подобри, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот