Шпан: Бројот на инфекции се намалува, но сепак сме далеку од местото каде сакаме да бидеме

Јенс Шпан
Јенс Шпан/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MARQUARDT / POOL

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека и покрај видливиот ефект на мерките за спречување на коронавирусот, треба да се стори повеќе за да се задржи под постојана контрола.

– Се чини дека бројот на (инфекции) се намалува, што е добро, но сепак сме далеку од местото каде што сакаме да бидеме, изјави Шпан за телевизијата АРД.

Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16-те покраини се очекува утре да разговараат за понатамошните чекори.

– Во последниве денови, бројот на новозаболени лица се намалува, како и бројот на хоспитализации во одделите за интензивна нега за пациенти со Ковид-19, рече министерот Шпан.

Министерот за финансии Олаф Шолц рече дека „заклучувањето” на државата може да биде продолжено за две недели, до средината на февруари.

Се дискутира за построги барања за компаниите, да им дозволат на своите вработени да работат од дома, задолжително носење маски во одделни региони, ограничувања на јавниот превоз и воведување полициски час.

Според „Гардијан”, министерот за надворешни работи Хајко Мас предложил на вакцинираните лица да им биде дозволено да посетуваат ресторани и кина.

Другите министри се спротивставуваат на ваквите посебни права, стравувајќи дека може да предизвикаат социјално незадоволство во време кога секој нема можност да се вакцинира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот