Шпан: Борбата против коронавирусот е тимска игра

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави денеска дека борбата против коронавирусот е „тимска игра” во која е потребна соработка на граѓаните.

Тој укажа дека бројот на новозаразени во Германија и натаму се наоѓа на ниско ниво, но додаде дека пандемијата сè уште не поминала.

Шпан рече дека не постои сигурност дека нема да има втор бран

– Подготвени сме за можно зголемување на бројот на заразени, подобро отколку на почетокот на пандемијата, рече Шпан, додавајќи дека само минатата недела биле тестирани околу половина милион луѓе.

Тој информира дека повеќе од 15,5 милиони Германци веќе ја инсталирале апликацијата за предупредување од коронавирусот.

Шпан притоа ги предупреди Германците да бидат внимателни во однос на летниот годишен одмор.

– Пандемијата не е помината, се наоѓаме насред неа. Германците треба да останат внимателни за да не избувне втор бран во Германија. Тоа им го должиме на оние кои дадоа голем придонес – на претпријатијата, родителите и граѓаните кои мораа да се откажат од многу работи, рече германскиот министер за здравство.

Шпан побара од граѓаните да држат физичка дистанца и да носат маски каде што е потребно.

Минатата недела во Германија се тестирани половина милион луѓе, што е за 175.000 тестови повеќе од пред четири недели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот