7.9 C
Скопје

Шпагети со крем од авокадо (РЕЦЕПТ)

Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што да направите денес за ручек, еве интересна идеја! Оваа комбинација не сте ја пробале, во продолжение ги состојките што ќе ви бидат потребни.

СОСТОЈКИ:

– 200 г шпагети
– 1 средно авокадо
– сок од ½ лимон и кора од лимон
– 1 – 3 чешниња лук
– 1/2 лажичка крупна сол
– 2 лажици маслиново масло
– 2- 3 лажици сечкан босилек
– мелен црн пипер
– неколку маслинки (по желба)

ПОДГОТОВКА: Ставете посолена вода да зоврие во поголем сад, па додајте ја пастата и варете ја додека биде ал денте. Во меѓувреме направете го сосот – во блендер ставете ги лукот, маслиновото масло, лимоновиот сок. Блендирајте додека добиете воедначена смеса.

Прочитајте и...  Брз ручек за денес: Макарони од само 3 состојки, најкремастите тестенини кои ќе ги пробате!

Додајте ги излупеното авокадо, босилекот и солта и продолжете да блендирате додека добиете кремаста смеса. Кога ќе биде готова пастата исцедете ја и ставете ја во голем сад. Додајте го сосот и мешајте да се распореди убаво низ пастата.

Сервирајте посипано со рендана кора од лимон и мелен црн пипер. Додајте неколку маслинки и сервирајте веднаш.

Поврзани вести

Како да препознаете дека некој ве лаже? Внимавајте на говорот на телото

Слободен Печат

ФОТО: Северина и пркоси на зимата во костим за капење

Слободен печат

Пријанка Чопра прозборе за првата средба со нејзиниот сопруг: Искрено, ме шокираше со својата дрскост

Слободен Печат

Александра Радуловиќ, мајката на Милена: „До пред една недела очекувавме сè, освен ваква поддршка“

Слободен печат

Кортни Кардашијан e во врска со тапанарот на „Blink-182“?

Слободен Печат

Моника Белучи и нејзините 4 правила за убавина и здравје во шестата деценија

Слободен печат

Остави Коментар