Шоуто на прес конференцијата му направи проблем на Конте, Интер му подготви замена

Медиасет објави дека управата на Интер веќе подготви замена за Антонио Конте по неговата прес конференција на која ги нападна челниците на својот тим.

Антонио Конте минатото лето пристигна во Интер со цел да биде лидер на проектот кој треба да ја прекине доминацијата на Јувентус и управата му порача дека ќе го добие потребното време за да ја оствари целта.

Интер на крајот сезоната ја заврши на второто место со само еден заостаток зад Јувентус кој по освојувањето на титулата се опушти во последните кола. Но, и ова е огромен напредок за Интер бидејќи претходната сезона заостануваше 20 бода зад „старата дама“.

Циркус: Конте по крајот на сезоната ги нападна челниците на Интер

Но, по последниот натпревар, Конте ја критикуваше управата дека не ги штити него и фудбалерите со што го навлече гневот на челниците на екипата.
Весниците „Ла Република“ и „Газета дело Спорт“ пишуваат дека Конте ќе остане на клупата, но Медиасет тврди дека Интер веќе има подготвено замена и тоа во поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Прочитајте и...  Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!
Масимилијано Алегри/EPA-EFE/ANDREA DI MARCO

Испадот на Конте во јавноста според Медиасет е бидејќи сака да има поголема моќ во клубот, односно неговиот збор да биде последен во одлучувањето при трасферите, но директорот Бепе Марота веќе стапил во контакт со Алегри на кого му истече договорот со Јувентус.

Алегри минатото лето ја напушти клупата на Јувентус но остана на платниот список на тимот од Торино до крајот на оваа сезона. Интересно е што токму Алегри го наследи Конте на клупата на Јувентус и освои пет титули во низа.

Поврзани вести

Томас Милер е легенда: Играме против најголемите хулигани во фудбалот, а јас добивам жолт картон

Слободен печат

Игравме див фудбал, но најважна е победата

Слободен печат

Бурно е во „кралскиот“ клуб, Перез во соблекувалната му дал ултиматум на тренерот Зидан

Слободен печат

Синот на легендарниот Турам преку Гугл го докажувал идентитетот на редарите пред „Џузепе Меаца“

Слободен печат

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичното лево крило на Металург во Топ 5 голови на Лига Европа!

Слободен печат

Остави Коментар