Шоу на Суарез, два гола на дебито за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Фудбалерите на Атлетико Мадрид остварија убедлив триумф од 6:1 над Гранада во третото коло од Ла Лига.
Луис Суарез кој по шест години поминати во Барселона, пред два дена и официјално стана играч на Атлетико Мадрид, уште на првиот натревар за новиот клуб покажа дека каталонците направија кардинална грешка.
Во победата на неговиот нов тим од 6:1 над Гранада, Суарез одигра 20-тина минута и успеа да постигне два гола и да забележи една асистенција.
70′ ? Comes on
72′ ?️ Assist
85′ ⚽️ Goal
93′ ⚽️ GoalDREAM DEBUT FOR @LuisSuarez9! ?#AtletiGranada pic.twitter.com/QNQD4jNBAH
— LaLiga English (@LaLigaEN) September 27, 2020
Домашните фудбалери постигнаа пет гола во второто полувреме откако во првиот дел имаа минимална предност.
Суарез влезе во игра во 70. минута, а само две минуити подоцна му асистираше на Љоренте за водство од 4:1, додека последните два гола беа негово дело, првиот во 85. минута, а вториот во судиското продолжение.