Европскиот шампион со лекција за Арсенал (ВИДЕО)

twitter.com/LFC

На дербито Редси пред своите навивачи со 3:1 славеа против Арсенал и го задржаа максималниот учинок на бодови, вкупно девет на првата позиција на табелата.

Повторно блескаше египетската ѕвезда на „црвените“, Мохамед Салах кој во текот на второто полувреме двапати се запиша во листата на стрелците.

Египќанецот стрелаше најпрвин од пенал во 49 минута, а во 59-та имаше една прекрасна соло акција и уште поубава завршница за 3:0.

Претходно гол-серијата ја стартуваше Матип пред крајот на првото полувреме, а „топчиите“ успеаја само да го ублажат првиот пораз сезонава преку Тореира (85.)

На почетокот од денешната програма Челзи славеше на гостувањето кај Норич, а Манчестер јунајтед ги разочара своите фанови со пораз од Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот