Шоу на Јокиќ пред новинарите (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Денвер нагетс со победата од 116:112 над Портланд, израмни на 2:2 во победи во полуфиналето од Западната конференција, а најзаслужен за триумфот беше Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар кој имаше учинок од 21 поен, 12 скокови и 11 асистенции, им приреди вистинско шоу на новинарите на прес конференцијата.

Јокиќ откако седна пред новинарите, сакаше да го земе микрофонот но во тие момент успеа да го скрши. Неговата реакција ги насмеа присутните во салата, прво направи комична гримаса на лицето, а потоа рече „Некој го скрши микрофонот“.

Новинарите не можеа да издржат и прснаа од смеа. Урнебесното видео на Јокиќ стана вистински хит на социјалните мрежи.
Но тоа не беше се од шоуто на Јокиќ пред новинарите. Нив ги интересираше како успеа да се рехабилитира од претходниот натпревар на кој играше рекордни 65 минути. Неговиот одговор повторно ја насмеа цела сала.

-Јадев добро, гледав серија,повторно јадев и отидов на спиење.Да бидам искрен, цел ден воопшто не мислев на натпреварот- изјави Јокиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот