Шоу на Џиџи Бекали: Ако примиме гол, ќе си ја отсечам главата

Контроверзниот претседател на ФЦСБ (поранешна Стеауа), Џиџи Бекали им приреди вистинско шоу на новинарите во Романија пред реванш натпреварот од плејофот за влез во Лигата на Европа. На првиот натпревар кој се одигра во Романија, ФЦСБ и Гимараеш одиграа 0:0, но Бекали е убеден во триумф на неговиот тим.

Тој смета дека ФЦСБ е поквалитетен тим и ќе биде изненаден доколку Гимараеш постигне гол па затоа даде смело предупредување.
– Тие се преслаб тим за да стравувам од нив. Да играат три дена со нас нема да ни дадат гол. На првиот натпревар не направија ништо, апсолутно ништо. Ќе си ја отсечам главата доколку примиме гол во реваншот – изјави Бекали.

Еден од најдобрите фудбалери на романскиот тим, Флорин Танасе одлучи да се пошегува со својот претседател, велејќи дека ќе победат со 2:1, и истакна дека никој не треба да ги сфаќа сериозно зборовите на Бекали.

– Шансите ни се 50-50. За нас ова е најважниот натпревар во сезоната и фокусирани сме само на победата. Се надевам дека ќе примиме еден гол помалку. Се надевам на победа од 2:1 и дека ќе остане Бекали со нас – се пошегува Танасе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот