Фото: КФСМ

Шортс: Мене ми е исто дали играм за Париз или Македонија, Нено е лидерот, тука сум да помогнам

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство кое се игра ова лето, а за овие два дуели селекторот Јончевски на располагање го има и Ти-Џеј Шортс.

Заедно со Шортс во репрезентацијата е и Ненад Димитријевиќ, а ова е првпат двајцата плејмејкери заедно да бидат дел од составот.

„Дефинитивно сум возбуден што пак ќе играм за нешто повеќе од тим, тоа е државата. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го направиме нашиот дел да победиме со Естонија и Полска и ќе видиме што ќе биде. Чекам на предизвикот. Мене ми е исто дали играрм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено е лидер на тимот, а јас ќе го дадам моето да му помогнам да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам за очекувања, туку сакам да помогнам да се победува. Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа. Ни дадоа „удар по устите“ многу рано и бевме во проблеми. Сега сакам да биде поинаку“, изјави Шортс.

Средбата со Естонија е закажана за в петок во Талин, додека три дена подоцна ќе ја пречекаме Полска во Скопје.

Македонија со најдобрите ќе „брка“ пласман на Евробаскетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот