Шон Пен: Вакцинацијата не се разликува од правилото колку е дозволено да возите на автопат!

Фото: EPA-EFE

Додека прашањето за вакцините против ковид-19 продолжува да се загрева во различни земји, двократниот оскаровец, актерот Шон Пен (60) го кажа своето мислење на оваа тема.

За Шон Пен, како што вели, не постојат половични мерки, а неодамна изјави дека ќе се врати на сетот само кога сите од екипата ќе бидат вакционирани. Малку подоцна, во интервјуто дадено за „Јаху! Забава“, ѕвездата направи споредба помеѓу вакцинацијата и ограничувањата на брзината на автомобилите на автопат.

– Моето длабоко лично верување е дека овие (вакцините) не се разликуваат од тоа дека мора да го почитувате правилото за возење 100 километри/или 160 километри на час кога сте на автопат, објасни ѕвездата на „Милк“ и додаде дека „ова е една од оние работи што треба да бидат задолжителни. Освен многу ретки исклучоци со посебни медицински патологии“.

Пен веќе го поддржа здравствениот систем во минатото, на пример, со обезбедување бесплатни тестови за коронавирус за време на протестите на „Black Lives Matter“ преку својата непрофитна организација, наречена Community Organized Relief Effort.

И не само тоа, Пен преку својата CORE организација, се здружи со општините и локалните власти (во Лос Анџелес и околината) за да помогне во кампањата за вакцинација, на пример, преку соработка за поставување центар за тестирање на ковид-19 на стадионот Доџер.

Други актери, исто така, застанаа на страната на поддржувачите за вакцинација, вклучувајќи го и Мет Дејмон. Ставот пак, на Ерик Клептон е дијаметрално спротивен што се однесува до воведувањето на Green-Pass (зелена пропусница). Британскиот музичар предупреди дека нема да свири „на која било сцена каде што публиката е дискриминирана“, барајќи документација со која се потврдува вакцинацијата на влезот.

Извор: „Еспресо.мк“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот