Шон Конери ја разбесни јавноста: На ЖЕНИТЕ треба да им удирате ШЛАКАНИЦИ ако заслужат

IGN.com

Познатиот глумец Шон Конери повторно предизвика гнев и бес кај јавноста кога го повтори ставот дека на жените треба да им се удираат шлаканици.

Неодамна имаше разговор со новинарка која му постави прашање на таа тема.

„Во претходните интервјуа ја застапувавте тезата дека не е најлоша работа на светот да ѝ удрите на жената шлаканица. И рековте дека не треба да ја удирате со тупаница, туку со отворена дланка“, го прашала новинарката.

„Да. Не сум го сменил мислењето. Воопшто“, повторно Шон Конери дал запрепастувачки одговор.

На прашањето дали мисли дека е добро да се удираат шлаканици на жени, Конери одговорил:

„Не мислам дека е добро, но не мислам ни дека е лошо. Мислам дека зависи од околностите и од тоа дали е заслужено, рекол Шон Конери.

Јавноста остро ги осуди неговите ставови, а друштвените мрежи ги преплавија коментари во кои луѓето наведуваат дека е срамно да се поддржува секаков вид насилство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот