Шоле: Изборите за општинска власт на северот на Косово да се одложат

принтскрин јутјуб

Советникот на Стејт департментот Дерек Шол изјави дека треба да се одложат изборите за општинската влада на северот на Косово и дека за ова прашање ќе разговара со косовските лидери при посетата на Приштина следната недела.

Шоле за Гласот на Америка изјави дека САД веруваат дека не е вистинско време за избори, со оглед на чувствителноста на моментот.

Видовме насилство во последните 24 часа. Времињата се напнати и сакаме да се погрижиме да има услови за одржување слободни и фер избори. Затоа сметаме дека овие избори треба да се одложат додека не дојде време да се одржат без да се поттикнува нестабилност и насилство“, рече тој.

Американскиот функционер додаде дека во моментов се разговара интензивно со лидерите во Приштина и дека американскиот амбасадор Џеф Ховениер е вклучен во намалувањето на тензиите

„Ќе бидам таму следната недела и тоа ќе биде една од главните теми на разговорите со косовскиот претседател и премиерот додека чекаме да работиме на заеднички пат напред“, рече Шоле.

Видео на денот