Шолц: Велика Британија ќе има „последици“ по Брегзит

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави денеска дека неговата земја нема да страда поради Брегзит.

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави денеска дека е уверен оти неговата земја нема да страда поради Брегзит, но дека Велика Британија неизбежно ќе има „последици” по напуштањето на Европската унија.

На панел на Светскиот економски форум во Давос, Олаф Шолц рече дека финансискиот сектор на Велика Британија нема да биде толку важен за ЕУ по Брегзит како што е сега.

Велика Британија е подготвена да ја напушти ЕУ за една недела, но останува во рамките на единствениот пазар без царини и даноци во преодниот период до крајот на годината.

Шолц рече дека земја што не е во Унијата не може да ги има истите предности како земја-членка и дека тоа ќе биде важен фактор во претстојните трговски разговори меѓу ЕУ и Велика Британија, кога треба да се дефинира идниот однос на двете страни по разделбата.

– Тоа е нешто што ќе мора да биде избалансирано. Мислам дека ќе имаме решенија, но сигурно не може да има специјална конкурентна предност од тоа некој да е надвор (од ЕУ), рече Шолц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот