Шолц во одбрана на договорот на ЕУ за азил: Да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го бранеше договорот постигнат оваа недела, со кој се повикуваат земјите-членки на ЕУ да ги заострат правилата во однос на правото на азил, јави ДПА.

„Државите треба да престанат да ги обвинуваат другите и да почнат да се чувствуваат одговорни“, рече Шолц во изјавата на 38. Конгрес на Германската протестантска црква.

„Затоа договорот предвидува создавање механизам за солидарност“, додаде тој пред насобраните во конгресниот центар во градот.

Според него, „конечно“ треба да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа.

Шолц вети побрзи процедури за азил, како и повеќе дигитализирани процеси.

„Сепак, земјите мора да бидат подготвени да се справат со враќањето на луѓето кои немаат право да останат во Европа“, додаде тој.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ во четвртокот постигнаа договор за заострување на правилата поради зголемениот број мигранти.

Договорот предвидува обработката на документите на лицата кои бараат азил да се врши во прифатните центри на надворешните граници на унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот