Шолц верува дека Путин не може повеќе да победи во Украина

Олаф Шолц
Олаф Шолц во Киев, Украина / 16 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не може да победи на бојното поле. На заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население“.

„Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку и јасно кршење на меѓународното право.

Постапките на Русија уште еднаш покажаа колку Путин е безмилосен. Повторно апелирам до Путин да престане со бесмисленото убивање и целосно да ги повлече своите војници од Украина и да се согласи на мировни преговори“, рече Шолц, пренесува Дојче веле.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека наскоро ќе разговара со Путин. „Имам намера директно да контактирам со него во наредните денови“, изјави Макрон за новинарите во Париз.

Според Макрон, лидерите ќе разговараат за цивилната нуклеарна енергија и нуклеарната централа Запорожје. Русите повторија напади врз големата нуклеарна централа во јужна Украина, а Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за овие напади.

Вчера МААЕ соопшти дека нуклеарната централа Запорожје повторно била исклучена од надворешно напојување. Фабриката сега се потпираше на дизел генератори за итни случаи.

Електраната се наоѓа во областа Запорожје, која беше прогласена за анектирана од страна на Русија. Во октомври, Путин издаде декрет со кој ја става нуклеарната централа под руска контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот