Шолц: Партиите што не добија поддршка не треба да формираат влада

Кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Олаф Шолц, кој освои најмногу гласови на парламентарните избори, им порача на ЦДУ/ЦСУ и нивниот лидер Армин Лашет дека владата не треба да ја формираат партии кои не добиле поддршка од граѓаните.

– Партиите што не добија поддршка не треба да се обидуваат да формираат влада. Тоа ги делегитимира уште пред почетокот, рече Шолц на Главниот одбор на СПД.
Како што пренесува „Билд”, пред состанокот, Шолц се изјасни за „семафор коалиција”, која неговата партија би ја формирала со ФДП и Зелените.
Тој најави дека ќе разговара за формирање „социјално-еколошки либерална коалиција” со Зелените и ФДП.
Тесниот исход од парламентарните избори ги комплицираше работите во врска со формирањето на германската влада, но исто така доведе до затегнување на односите меѓу двете најсилни политички сили СПД и ЦДУ/ЦСУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот