Шолц не дава, ама Макрон може да испрати воени авиони за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека „нема да ја исклучи” можноста за испраќање борбени авиони во Украина, но предупреди на ризикот од ескалација на конфликтот.
„Во принцип, ништо не е исклучено”, рече Макрон по разговорите со холандскиот премиер Марк Руте, на прашањето дали постои можност за испраќање борбени авиони за Киев како поддршка на борбата против руската инвазија.
Изминативе денови, украинските власти постојано бараа помош во борбени авиони од западните земји, но наидоа на негативен одговор.
Во исто време, повеќе западни земји се согласија да испратат модерни тенкови како помош за украинската војска, на што официјална Москва одговори со распишување награда од околу 66.000 евра за секој војник што ќе уништи еден од западните тенкови.
Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера повтори дека Германија нема намера да испраќа воени авиони во Украина.
Украина ќе бара борбени авиони, откако Западот одобри да и се испратат тенкови