Шолц: Кога Украина и Молдавија ќе добијат кандидатски статус, ЕУ треба да се подготви за проширување

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Лидерите на ЕУ-27 во Брисел попладнево го започнаа редовниот јунски самит, чиј прв ден ќе биде посветен на ситуацијата во Украина, како и на кандидатурите на Украина, Молдавија и Грузија за членство во Унијата.

„Сега кога Украина и Молдавија ќе добијат кандидатски статус, Европската унија треба да се подготви за проширување”, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц пред состанокот на лидерите на ЕУ.

За време на самитот ќе се разговара и за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање европска политичка заедница која, како што е планирано, би ги собрала земјите од европскиот континент на координација за прашања од заеднички интерес како што се надворешната политика, енергетиката, миграција и други.

Нацрт-заклучоците за Западен Балкан, кои лидерите на ЕУ се очекува да ги усвојат утре, ја повторуваат поддршката за „перспективата за членство во ЕУ на земјите од регионот”, повикуваат на продолжување на реформите, како и на решавање на отворените билатерални прашања.

Видео на денот