Шолц: Германија нарачува 17 системи за воздушна одбрана „IRIS-T“ за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија нарачала 17 системи за воздушна одбрана „IRIS-T“ за Украина.

Канцеларот ова го изјави за време на прес-конференција во воздухопловната база во близина на Кил.

Во воената база, Шолц го доби системот „IRIS-T“ за германската армија.

Тој потврди дека Берлин нарачал уште 5 системи „IRIS-T“ за Германија и уште 17 за Украина.

Шолц рече дека купувањето на шест „IRIS-T“ за Бундесверот ќе игра клучна улога во зајакнувањето на европската иницијатива „Небесен штит“.

Четири од нив ќе бидат испорачани до крајот на оваа година, а останатите – следната година, вети Шолц.

Според него, Украина веќе добила 7 вакви системи, кои помогнале во соборувањето на повеќе од 250 руски ракети и беспилотни летала.

Украина ги доби првите системи за противвоздушна одбрана со краток дострел од Германија во август 2023 година.

Системот е дизајниран да уништува крстосувачки и балистички ракети, како и авиони, хеликоптери и летала.

Може да пресретнува аеродинамички цели на растојание до 12 километри и надморска височина до 8 километри.

Мобилниот систем за воздушна одбрана е поставен на шасијата на теренското оклопно возило „BvS10“, но може да се монтира и на шасија на тркала.

Системот се заснова на ракета со инфрацрвена глава модернизирана за лансирање од земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот